Компанијата Новако прославува осум години постоење

24

slika1

Компанијата за производство и продажба на лифтови, ескалатори, подвижни траки, авио мостови и други транспортни и индустриски системи во Македонија, Новако, член на светски водечката групација ThyssenKrupp, оваа година го прославува својот осми роденден, стои во соопштението.

Според сопственикот на Новако, Љупчо Грујовски, македонските компании го препознаваат квалитетот на компанијата и светските трендови кои ги имплементира на нашиот пазар.

“Нѝ претставува голема чест и задоволство да кажеме дека оваа година славиме осум години од нашето постоење на македонскиот пазар. За релативно краток временски период успеавме да се позиционираме како лидери во Македонија и да започнеме со работа и на регионалните пазари како Србија и Косово, каде што сме и официјални застапници за ThyssennKrupp. Она што најмногу нè радува како компанија е тоа што успеавме да наметнеме квалитет и силна политика на безбедност, коишто компаниите го препознаа и го ставија во своите приоритети”, изјави Љупчо Грујовски.

Што се однесува до идните планови, визијата на компанијата е зацврстување на позицијата во Македонија и регионот, како и континуирано ширење и имплементација на новитети од индустријата.