Кондовски: Земјоделското осигурување претставува единствен трансфер на ризик со надокнада за земјоделецот

53

Неодамна брокерското друштво СН осигурителен брокер АД Битола одбележа пет години од основањето. Мал јубилеј, но голем успех во брокерското работење и лидерска позиција меѓу брокерските друштва.

Во овие пет години се отворија 25 подружници распространети на целата територија на Република Северна Македонија, како и мрежа од 99 вработени – професионалци од различни области, со што СН Осигурителен брокер АД Битола претставува најголем осигурителен брокер во државата по основ на бруто полисирана премија, број на вработени, број на подружници и реализирани штети.

Лидери во Брокерското работење, лидери во земјоделското осигурување, на што се должи тоа, од Agrotim.mk разговараа со Христо Кондовски извршен директор на СН Осигурителен брокер АД Битола.

“Да, нескромно истакнуваме дека сме лидери меѓу брокерските друштва, а тоа се должи на тоа што активно се вклучуваме во донесувањето на законски мерки и начин на обесштетување на земјоделците и нивно целосно информирање. Осигурителните брокери се вистинскиот начин земјоделците да дојдат до добро осигурување, особено кога нивните посеви се во крајно ризични региони, а осигурителните компании во тој случај избегнуваат да се заштитат од тој ризик. Со земјоделците работиме од самото основање на СН Осигурителен Брокер, активно четири години“, вели тој.

На прашањето како пристап имаат со земјоделските производители, кое земјоделско осигурување е најчесто, тој одговара: “Пристапот кој го имаме со нашите клиенти може да се каже деке се сведува до пријателски, а тоа го потврдуваат нашите редовни клиенти кои ги стекнаме овие години. Тие се наши традиционални осигуреници – наши следбеници и соработници или веќе може да кажеме и наши деловни партнери. Најчесто е основното земјоделско осигурување каде се опфатени ризиците удар од град, гром и пожар, меѓутоа не можеме да не го спомнеме и дополнителното осигурување каде се опфатени и пролетен мраз, поплава и луња“.

Во врска со тоа кои прашања се најчести од страна на земјоделците, што најмногу ги интересира, Кондовски вели дека најчести прашања од клиентите кои ги поставуваат се: колку премија треба да платам, на кој принос ќе ми се осигураат посевите/плодовите, колкав е процентот на франшиза, од кој датум и до кој датум важи покритието за пролетен мраз и најпоставуваното прашање: за колку време се исплаќа штетата.

Во врска со тоа дали се менува се менува сфаќањето за потребата од земјоделско осигурување, Кондовски вели дека гледајќи на изминатите години во кои активно работеа и продолжуваат да работат со земјоделците, сфаќањето за потребата на осигурување сè повеќе и повеќе се зголемува, а во тоа најголемо влијание имаат непредвидливите временски услови кои во одредени региони од државата го оштетуваат тотално приносот на земјоделецот.

“Сите земјоделци сигурно не, оние кои се заинтересирани или оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе ние, односно нашиот тим кој работи со осигурување на земјоделие му стои на располагање на сите независно дали се работи само за информирање, склучување на договор или правна помош во случај на штета. Несомнено сметаме дека земјоделците ќе се заинтересираат малку повеќе и со кампањите кои секојдневно се емитуваат по медиумите и ќе сфатат кои се вистинските предности на осигурувањето. Бидејќи земјоделското осигурување претставува единствен трансфер на ризик со надокнада за земјоделецот. Доколку еден земјоделец е заинтересиран и сака да склучи полиса за осигурување единствено што треба е да дојде кај нас и да донесе потврда од МЗШВ доколку е субвенциониран од државата, ако не е субвенциониран треба да донесе имотни листови од парцелите кои сака да бидат осигурани, а се останато средуваме ние, предности што му ги нудиме на земјоделците се плаќање на рати, завршување на сите работи на едно место, објаснување за сите потребни информации и сл“, одговара Кондовски на прашањето дали земјоделците имаат доволно информации за предностите на осигурувањето.

Целото интервју прочитајте го на Agrotim.mk.