Конечна одлука – се продаваат ХПБ и 40% Кроација осигурување

22

hpbХрватската влада денеска на седница ја прифати предлог одлуката за продажба на 99,13% акции во Хрватска поштенска банка (ХПБ) и продажба на 40% акции и докапитализација на Кроација осигурување.

Министерот за финансии Славко Линиќ изјави дека Владата сака да го максимализира приходот на ХПБ, а развојот на банката не може да се обезбеди преку буџетот. Нема потреба Владата да задржува дел во банката на која и треба дополнителен капитал и така ќе може да бира партнер што ќе инвестира во неа.

“Сакаме на ХПБ да и овозможиме раст на уделот на пазарот, кој сега е околу 8%. Со продажбата на целото портфолио ќе добиеме партнер кој ќе ја развива банката и кој ќе ни даде највисока цена за нашите акции”, изјави Линиќ, пренесуваат хрватските медиуми.

Во случајот со Кроација осигурување, Владата одлучи да оди со модел на продажба на удел помал од 50%, по што ќе му се овозможи да купувачот да стекне мнозински удел со докапитализација. По докапитализацијата, уделот на државата би требало да биде меѓу 25% плус една акција и 30%.

Тендерот ќе биде распишан до крајот на овој месец, а рокот за предавање на понуди е до крајот на септември или почетокот на октомври.