Конференција за енергетските предизвици на државата

15

Конференција за енергетските предизвици на државата се одржува денеска во организација на Здружението на енергетика при Стопанската комора на Македонија.

Целта на конференцијата е стопанските субјекти да се запознаат со предизвиците со кои се соочува енергетскиот сектор во Република Македонија.

Најавено е учество на министерот за економија Беким Незири и на претставници од бизнис секторот, од надлежните министерства, науката, како и од други институции и организации од областа на енергетиката.