Конференција за инвестиции во недвижности 

39

konf

Утре, 4 октомври (вторник), со почеток во 10 часот, во хотел Буши во Скопје ќе се одржи Конференција за инвестиции во недвижности во Македонија.

На конференцијата која ја организира првата онлајн аукциска куќа за недвижен имот Е-аукција.мк заедно со консултантскатa компанија Knowledge Center ќе зборуваат Анита Ангеловска – Бежоска, вицегувернер на НБРМ, Славче Трпески , директор на Агенцијата за Катастар на недвижнини, Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво при Стопанската Комора на Република Македонија и Бранко Ѓуровиќ, проект менаџер на Е-аукција.мк.

На првата Конференција за инвестиции во недвижности во Македонија ќе се презентираат актуелните трендови на пазарот со недвижности во Македонија, ќе се потенцираат можностите кои постојат во овој сектор, а настанот е можност да се поврзат сите субјекти кои работат во овој сегмент.

Е-аукција.мк е прва онлајн аукциска куќа за недвижен имот во регионот. Истата е производ на проектот Аукциски Тигар, поддржан од компанијата Knowledge Centar и Фондот за Иновации на РМ. Целта на Аукциски Тигар е да го раздвижи пазарот на недвижнини во земјата, да понуди решение за побрзи трансакции и зголемување на ликвидноста на компаниите и институциите кои имаат имот по основ на побарувања, да го отвори пазарот за странски инвеститори и фондови кај кои електронското наддавање е воспоставена пракса.

Повеќе информации за конференцијата на: http://www.macedoniarealestate.info/.