Конференција за развој на социјалното претприемништво во Македонија

44

socijalno_pretpriemnistvoНа дводневната конференција за развој на социјалното претпремништво во Македонија, која започна денеска во Скопје, учесниците разговараа на теми како да се мотивира и забрза развојот на таквиот тип претприемништво во Македонија, но и како треба да изгледа законската и фискална рамка која треба тоа да го овозможи.

“Станува збор за искористување на бизнис модел претпријатија кои остваруваат некаков профит, но не го делат како другите компании за добивка на сопствениците туку таа се користи за социјални цели. Тие можат да се користат за вработување на маргинализираните групи, како на пример жртви на семејно насилство, поранешни корисници на дрога и алкохол, кои работодавачите не сакаат да ги вработуваат”, рече Зоран Стојковски, извршен директор на ЦИРА, во чија организација се одржува конференцијата.

Стојковски појасни дека во државава веќе функционираат некој вид вакви организации, како Избор во Струмица која преку тераписката заедница Покров, работно ги ангажира лицата кои се лекуваат од зависности.

Исто така тој смета дека со донесувањето на законската регулатива ќе се регулира и дополнително ќе се мотивира развојот на социјалното претприемништво и потенцира дека во Македонија тоа може да се поврзе со непрофитни организации, фондации и здруженија кои можат да имаат економски активности, но она што го добиваат да не биде профит, туку средства наменети за програми кои имаат социјална цел.

Амбасадор на Велика Британија во Македонија, Кристофер Ивон истакна дека во неговата земја има околу 65.000 социјални претпријатија, кои вработуваат околу 750.000 лица.

“Има многу начини на кои може да отпочнат со работа вакви претпријатија, но пред се најважно е да се произлезе со креативна идеја со која ќе се подобри статусот во заедницата. Заедно со тоа треба да се биде посветен на идејата дека целиот профит што ќе се создаде треба да се врати”, рече Ивон.