Конференција зa соработка меѓу бизнис заедницата и универзитетите

116

Business conferenceВо организација на Американската стопанска комора во Македонија, во Скопје денес ќе се одржи конференција на тема Изнаоѓање можности за унапредување на соработката помеѓу бизнис заедницата и универзитетите.

На отворањето на конференцијата е предвидено официјално да се обратат претседателот Ѓорге Иванов, Претседателот на Одборот на директори на Американската стопанска комора во Македонија Лиза Поповска, Грегори Ферчајлд, професор на Дарден факултетот за бизнис при Универзитетот во Вирџинија, како и американскиот амбасадор во Скопје, Пол Волерс.

Во рамки на работниот дел на конферецијата свое излагање ќе има професорот Ферчајлд, а потоа ќе следуваат презентации од страна на претставници од Комората за најдобрите пракси од САД, како и работилница на темата.