Конференција на тема Законот за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема – како до успешна практична примена, ќе се одржи денеска во Стопанската комора на Македонија.
Целта е да се акцентираат отворените прашања од аспект на практичната применливост на регулативата и да се дадат насоки за нејзина натамошна успешна имплементација.
Конференцијата ќе ја отворат министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири и претседателот на Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори, Владо Момировски.