Конфликтот ги зголеми трошоците за осигурување на пратките до израелските пристаништа во Средоземното Море

Трошоците за осигурување на товарот за израелските пристаништа во Средоземното Море нагло се зголемија поради зголемениот воен ризик, велат извори во секторот.
Пристаништето Ашкелон повеќе не дозволува влез на бродови бидејќи е во домет на ракети на палестинската вооружена група Хамас. Главните израелски пристаништа Ашдод и Хаифа остануваат отворени, но шпедитерите и осигурителните компании ги разгледуваат патувањата кон Израел, рекоа извори за бродски превоз.

– Се смета дека израелските пристаништа се изложени на поголем ризик, изјави Ноа Троубриџ од британската компанија за консалтинг и безбедност на поморскиот сообраќај Dryad Global.

Бродовите сега плаќаат дополнителна премија за воен ризик за седумдневни патувања до Израел, а од саботата, тие премии се зголемија десеткратно, на околу 0,15-0,2% од вредноста на бродот, што значи десетици илјади долари дополнителни трошоци.

Пред конфликтот тие беа 0,0125%, посочуваат извори од осигурителниот сектор.

Израел е меѓу земјите од Блискиот Исток кои осигурениците на лондонскиот пазар ги сметаа за област со висок ризик уште пред конфликтот со Хамас, забележува Ројтерс.