Коњановски: Отштетата од поплавите веднаш по проценката

65

05082012141850_konjanovskiСпоред изјавата на заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, обесштетувањето на земјоделците од поплавите ќе почне веднаш штом заврши проценката согласно извештаите од теренски анализи која веќе е во тек.

На денешната прес-конференција во Стопанската комора, заменик-министерот нагласи дека во ваков инцидентен случај, најважно е да се изгради цврст однос меѓу земјоделците, Министерството, Платежната агенција и осигурителните компании.

“Веднаш по настанатата штета од поплавите, стручни екипи на Министерството ги посетија погодените региони, Струмичкиот, Валандовскиот, Свети Николско, Богданци, изготвија извештаи врз основа на кои овластените проценители ќе кажат колкава сума треба да добијат производителите”, изјави Коњановски.