Конкурентот на Tesla ќе се котира на берза

33

Производителот на луксузни електрични возила, Lucid Motors излегува на берза преку таканаречено мерџирање со компанијата Churchill Capital IV, а вредноста на здружените компании се проценува на 11,75 милијарди долари.

Компанијата Lucid, чиј шеф е поранешниот шеф во Tesla, е уште една во низата компании коишто преку иницијална јавна понуда ќе го искористи интересот на инвеститорите во секторот електрични возила, иницирани од скокот на вредноста на акциите на Tesla и заострување на прописите за емисија на штетни гасови, пренесува Ројтерс.

Акциите на Churchill Capital IV со коишто се тргува на берза, забележаа пад од скоро една третина на 40,35 долари, со што пазарната капитализација на споените компании изнесува околу 64 милијарди долари.

Од Lucid наведуваат дека планираат почеток на производството и испорака на првите луксузни автомобили Lucid Air во Северна Америка во втората половина на оваа година. Компанијата најавува испорака на 20.000 возила следната година, по што до 2026 година ќе ја зголеми количината на 251.000 возила.

Со почетна цена од 77.400 долари, Lucid Air ќе биде прв со домет од 805 километри со едно полнење на батеријата.

Фото: Facebook