Конкуренцијата го принуди Nike да го смени маркетинг директорот

6

Најк објави дека ја именувала поранешната извршна директорка Никол Хабард Греам за свој следен главен маркетинг директор, наследувајќи го Дирк-Јан „ДЈ“ ван Хамерен, кој ќе се повлече од функцијата.

Назначувањето е дел од пошироката промена за забрзување на иновациите во гигантот, кој неодамна почна да се соочува со поостра конкуренција во категориите на патики за трчање и начин на живот.

Греам претходно работеше за гигантот за спортска облека од Портланд 18 години. Нејзиното враќање на чело на глобалниот маркетинг тим на Nike, кој ќе ги надгледува сите аспекти на маркетинг практиките, ќе стапи на сила на 2 јануари 2024 година, се вели во соопштението на компанијата, како што објави WSJ.

Ван Хамерен, поранешен олимписки велосипедист, ќе се пензионира следното лето по 31 година во компанијата, соопшти Најк.

Најк се соочува со силна конкуренција од Хока, Адидас и Њу Баланс.

И додека Најк останува најголемиот продавач на спортски чевли и облека во светот, некои потрошувачи и индустриски аналитичари велат дека неговото темпо на иновации е забавено.

Како дел од промените, Најк го именуваше и 30-годишниот ветеран на компанијата Џон Хок за прв главен директор за иновации, како и Моге Ердирик Доган, кој претходно беше претседател на Амазон Фешн, за нејзин главен директор за технологија.