Контакт центарот на УЈП и центарот за наплата на глоби и други јавни приходи со ново работно време

276

novo rabotno vreme na ujp

Од први овој месец, Контакт центарот на Управата за јавни приходи и Центарот за наплата на глоби и други јавни приходи, лоцирани во Градскиот трговски центар на втори кат, имаат ново работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота.

“Со новото работно време се врши усогласување на достапноста на услугите што ги нуди УЈП преку Регионалните дирекции и Даночните одделенија“, стои во соопштението.