Конвенционалните возила се „посигурен партнер“ од електричните

83

Автомобилската индустрија длабоко зачекори во новата ера на електрификацијата, но конвенционалните автомобили не се даваат така лесно

Електричните автомобили отсекогаш се сметале како посигурни и подоверливи во однос на конвенционалните возила со мотор на внатрешно согорување. Тоа пред се се однесува на фактот што електричните возила имаат помалку компоненти и делови и гасови. Сепак, според една најнова студија, електричните автомобили можеби и не се толку посигурни во однос на конвенционалните возила.

Според новото истражување на Which? британската група за истражување на пазари, се открива дека традиционалните бензински или дизел возила пријавуваат помалку проблеми во првите четири години од сопственоста, во однос на сопствениците на електрични автомобили.

Which? испита 48.000 луѓе околу возилата кои ги возат, а тоа вклучи 2.184 ЕВ од речиси 57.000. 39 проценти од сопствениците на електричните возила пријавиле проблем во првите четири години од сопственоста, во споредба со само 19 проценти во однос на сопствениците на бензински, односно 29 проценти за сопствениците на дизел автомобили.

Најголем проблем е софтверот

Не само што електричните автомобили имаат тенденција да бидат помалку „сигурни партнери“, поравката на проблемите кај истите вообичаено трае подолго отколку кај традиционалните автомобили. Најчестиот проблем со кој се соочуваат електричните автомобили се од софтвеска природа, за што е потребно и до пет дена поправка, во споредба со тридневен престој во сервис за бензинските, односно четири дена за дизел автомобилите.

„Знаеме дека возачите сакаат да направат исчекор кон автомобили кои се попријателски кон природата, но многу е важно да добиваат квалитетен производ. Конкретно со електричните автомобили, нашето истражување покажува дека премиум цените не задолжително значат и сигурен автомобил, па секогаш ги охрабруваме возачите да направат истражување пред да направат така значително купување за да видат на кои автомобили и брендови можат да им веруваат“, изјави Лиса Барбер од Which?.

Секако, треба да се земе предвид и тоа што електричните возила се релативно нов производ во автомобилскиот свет и со сигурност можеме да очекуваме поголема сигурност и веродостојност кај нив како што ќе напредува технологијата во иднина.

Преземено од Avtoplus.mk