Копаоник бизнис форум ќе се одржи од осми до десетти март

50

Dragan Djuricin, selektor Foruma, Aleksandar Vlahovic, predsednik SES i Jelena Ristic, Master Card

Копаоник бизнис форумот, којшто ќе се одржи од 8 до 10 март во Конгресниот центар на хотелот Гранд Копаоник, ќе собере рекорден број на учесници – 820 учесници, владини претставници, домашни и странски стопанственици, дипломати, економски аналитичари, теоретичари и меѓународни експерти.

Темата на овогодишниот форум е Достигнување и конвергенција на водечките трендови: како да се санираат пукнатините во системот, а во текот на трите дена ќе бидат организирани 20 панел дискусии, 3 пленарни сесии и пет специјални презентации.

Учесниците на српскиот Давос, најважниот настан од ваков вид во текот на годината, ќе се обидат да креираат платформа за аргументирана и конструктивна дискусија за согледување и анализа на клучните реформски предизвици од различни аспекти.

“Повеќе од 20 години, Копаоник бизнис форумот собира голем број учесници, горди сме што оваа година го надминавме рекордот и на едно место во текот на 3 дена ќе имаме 820 учесници. Тоа ќе биде можност економските експерти и бизнисмени да ги оценуваат ефектите од реформите и да разменат мислења со цел да дојдеме до изводливи и ефикасни политики. Ќе работиме поактивно на поврзување на регионот и зголемување на конкурентноста на Балканот со желба заедно како еден пазар да бидеме поатрактивни за инвеститорите, а со тоа да обезбедиме и подобри услови за живот“, изјави Александар Влаховиќ, претседател на Српскиот сојуз на економисти.

Програмата на форумот предвидува расправи во три области: осми март – Економски последици на новата реалност: проблеми, причини и решенија, деветти март – Ажурирање на реформската агенда: реформа на државата и реструктурирање на јавниот сектор и на десетти март – Идни чекори во спроведување на реформите.

“Како и секогаш, Копаоник бизнис форумот и годинава ќе биде место на разговор на релевантни луѓе од светот на политиката, стопанството и економските науки, со цел Србија да се измени на патот кон достигнувањата на вредности и перформансите на Европската Унија“, вели Драган Ѓурчин, селектор на Форумот.

Заклучоците од 23-тиот Копаоник бизнис форум ќе бидат сумирани во документот Копаоник Консензус. Српскиот економски сојуз и Српското здружение на корпоративни директори, под покровителство на претседателот на Владата на Република Србија, традиционално го организираат форумот. Овогодишен партнер на Форумот е компанијата MasterCard.

“Во име на компанијата MasterCard, би сакала да им се заблагодарам на организаторите затоа што го препознаа единствениот сет на експертиза, согледувања на пазарот и можностите кои ги поседува нашата компанија и може да ги сподели со сите ученици на овој реномиран настан.  Се надевам дека по Форумот ќе ги преточиме заклучоците во практични активности и ќе имаме чиста насока за понатамошен развој на пазарот“, изјави Јелена Ристиќ, директор за продажба во MasterCard за Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.