Копаоник бизнис форум, познат како српски Давос, чија тема ќе биде Да ја промениме Србија во Европа што се менува, ќе се одржи од 4 до 6 март. На 21-от годишен собир на економисти, политичари и бизнисмени најавени се преку 500 учесници.
Целта на собирот е конструктивна дискусија на креаторите на економската политика, бизнисмени, домашни и странски инвеститори, економски експерти и меѓународни финансиски институции, за да се придонесе во креирањето на општ консензус за спроведување на реформи. На Копаоник учесниците ќе се обидат да укажат на кој начин Србија да ги забрза реформите и со тоа да се приближи до ЕУ која се менува.
Заклучоците од форумот ќе бидат упатени до Владата на Србија, Народна банка на Србија и Националниот совет за економско опоравување.