Копенхаген, градот кој во голема мера е вклучен во разговорите поврзани со климатските промени, е предводник во изнаоѓање на нови, еколошки начини како да стане позелен и да ги подобри рекреативните површини и квалитетот на животот на своите жители.
Данските компании Tredje Natur и PK3 заеднички составија предлог дизајн Blue Plan, кој предвидува конструкција на пет вештачки острови на доковите на градот. Петте зони ќе бидат наменети за рекреација и едукација и ќе бидат еколошки.
Првиот остров е наречен Куќа на вода. Вториот е Остров на птици и ќе биде прекриен со вегетација, а малите птици и инсекти ќе го користат за живеалиште. Третиот остров ќе биде со бањи, сауни и загреани базени, а на четвртиот, Опера паркот, постојано ќе се пушта музика. Спортскиот остров е дизајниран во централниот дел на пристаништето и ќе може да се нурка, да се вози кајак и да се плива.
Фото: Tredje Natur