Копривница ќе воведе електрични автобуси во градскиот превоз

26

bus

Неколку месеци откако воведе пет електрични автомобили за градските службеници, хрватскиот град Копривница ќе воведе електрични автобуси во јавниот превоз. Првото од двете возила, што ќе го испорача загрепската фирма Док-инг, ќе стигне следната недела, пишува Вечерњи лист.

Проектот е тежок нешто помалку од 200.000 евра, а ќе го суфинансира ЕУ во рамките на проектот Civitas Dynamo.

Во тест фазата на имплементација на линиите, возењето ќе биде бесплатно.

Копривница неодамна ја доби еколошката награда Energy Globe Award 2015, како најдобар хрватски град кој работи на полето на енергетска ефикасност.