Корисни совети за анксиозни патници

25

panika

Фото: Pixabay

Патувањата се убави и носат нови искуства, овозможуваат да видиме нови места и култури и откриваат една нова страна од нас, за којашто можеби не сме биле свесни. Сепак, многумина се анксиозни кога треба да тргнат на пат, пишува BuzzFeed. Тоа може да биде страв од возење, летање, страв да не се заборави нешто или едноставно необјаснета вознемиреност од непознатото.

Во продолжение неколку практични совети што ќе ви помогнат во намалување на нервозата и ќе ви помогнат да се препуштите на задоволствата.

Добро запозајте го вашето тело. Секој знак како забрзано срцебиење, потење, гадење во желудникот и слично е само начин на којшто организмот секогаш реагира кога сме под стрес. Сфатете ги тие работи како нормални и минливи, односно како еден начин да се ослободите од напнатоста. Само така побрзо ќе ги снема.

Понесете ги омилените грицки или било која храна што ве смирува во лошите моменти.

Спакувајте ги сите важни работи на едно место. Така помалку ќе мислите на можноста да се изгубат.

Испланирајте го патувањето во сезона кога нема толку гужва на местото каде што одите.

Истражете колку што можете повеќе за дестинацијата и чувајте ги сите информации на едно место. Така помалку ќе бидете изненадени од некои работи.

Направете листа на спакуваните работи. Издвојте категории како облека, средства за хигиена, електронски средства, обувки, книги/бележници и слично.

Облеката што ќе ја земете нека биде онаа во којашто се чувствувате најдобро и најсигурно. Можеби звучи бесмислено, но понекогаш и тоа игра улога во смирување на напнатоста.

Никако не оставајте неспакувани работи за последниот ден. Не ви треба дополнителна паника.

Направете скриншотови од сите детали во врска со летот, мапи, насоки на движење и слично во случај да немате интернет.

Ако возите, испланирајте екстра време за застанување, доколку ве обземе вознемиреност.

Не претпоставувајте дека нападите на паника ќе ви го уништат патувањето.