Корисни совети за вашиот мал бизнис

46

mal-biznis

Фото: Startup Stock Photos/Pexels

Бизнис Инфо е секогаш тука со корисни совети за вас. Прочитајте, дознајте нешто ново и навреме применете го!

Запознајте ги своите клиенти

Доколку сте го направиле вашиот бизнис план, сигурно веќе сте ја означиле и целната група на клиенти. Во случај да не сте ја одбрале вашата целна група на клиенти, сторете го тоа во најбрз рок. Наместо да ги таргетирате сите како потенцијални клиенти, бидете конкретни, добро одберете во вашиот идеален тип на клиенти и насочете се кон таа целна група.

Одредете буџет за маркетинг

Ако почнувате од нула, прво треба да привлечете клиенти кои ќе ви помогнат да ги покриете трошоците, а потоа да почнете да правите профит. За да успеете во тоа, треба да издвоите одредена сума пари за рекламирање на бизнисот. Тоа може да го направите на различни начини, флаери, печатен материјал, медиуми, интернет.

Запознајте ја конкуренцијата

Пред да започнете да го градите вашиот мал бизнис, мора добро да ја запознаете конкуренцијата на пазарот. Многу важно е правилно да го водите маркетингот, да имате одлична услуга и квалитетни производи, кои ќе ви овозможат да ги привлечете клиентите и со тоа да бидете пред конкуренцијата.

Не плашете се да кажете НЕ

Понекогаш треба да одбиете договор или бизнис соработка. Во спротивно ако ги распределите вашите услуги на голем број клиенти, постои можност тие да не бидат задоволни со прозводот, односно услугата која ја добиваат од вас. Тоа може да доведе до нарушување на вашата репутација и да има негативни последици за бизнисот.

НЕ всушност значи НЕ СЕГА

Кога некој важен клиент ќе го одбие вашиот продукт или услуга, не очајувајте. Прифатете ја нивната одлука, дознајте зошто ве одбиле за да знаете што треба да промените во работењето. Најбитно во оваа ситуација е да обезбедите контакт информации со овие клиенти за да можете да ги побарате во иднина, секако со нивна дозвола.

Искористете го интернетот

Правилно користење на интернетот и неговите бесплатни апликации ќе овозможат да го промовирате вашиот мал бизнис, да дејствувате како менаџер за продажба, да привлечете нови клиенти и да ги зајакнете односите со постоечките. Бизнисите базирани на интернет се иднината, Facebook, Amazon, Google веќе го докажаа тоа.