Корисници на Samsung пријавиле дека нивните телефони “самостојно“ испраќале фотографии

25

Корисници на паметни телефони на Samsung реагирале дека нивните уреди случајно испраќале фотографии од нивната приватна галерија кон контакти кои се наоѓале на нивната листа, пишува Business Insider.

Според неколку извештаи на форумите на Samsung и Reddit, корисниците на “проблематичните“ телефони не само што не знаеле за тоа, туку и во телефонот не останувала никаква евиденција.

Еден корисник на социјалната мрежа Reddit објавил дека неговиот мобилен телефон ја испратил целата фото галерија на својата девојка, додека, пак, друга корисничка пријавила дека нејзиниот уред испратил фотографии до сопругот.

Инаку фотографиите се испраќани преку апликацијата за текстуални пораки на Samsung.

Засегнатите корисници го вперија прстот во неодамнешните ажурирање на T-Mobile, кои вклучуваа напредни функции за текстуални пораки, какви што се потврди за читање и индикатор кој покажува дали контактот со кој комуницирате, во одредениот момент пишува порака.

Засега T-Mobile се дистанцираше од проблемот.

Фото: Pixabay