Во извештајот од испитувањето на јавното мислење во однос на пазарот на електронски комуникации, кое беше спроведено од страна на АЕК, најзадоволни од квалитетот на говорните услуги во мобилната телефонија се корисницитен на Оne.
Дури 59,4% од корисниците на Оne на испитувањето одговориле со највисока оценка, односно многу задоволен.
Од анкетата спроведена меѓу корисниците на сите оператори во земјава, корисниците на Оne во однос на конкуренцијата се најзадоволни и од висината на телефонските сметки што ги добиваат, односно 48,7% од испитаните корисници дале одговор дека нивната месечна сметка е во просек под 499 денари.
Најмал процент од корисниците споредено со другите оператори би го замениле Оne дури и во случај на ценовно зголемување на услугите за 10%.
Испитувањето од страна на Агенцијата за електронски комуникации, беше спроведено во февруари годинава на репрезентативен примерок од 1.100 испитаници, на популација на возраст над 16 години.