Корисниците на Snapchat ќе решаваат математички задачи со помош на Photomath

343

Фото: Pixabay

Апликацијата за размена на пораки, Snapchat развива платформа за проширена реалност под името Scan, а меѓу првите партнери е хрватската апликација Photomath, пишува Нетокрација.

Поради тоа, корисниците на Snapchat ќе можат многу лесно да решаваат математички задачи со помош на оваа апликација. Photomath ја користи камерата на мобилниот телефон за решавање математички задачи.

Според основачот на Photomath, Дамир Сабол, оваа соработка добро се позиционира кај целните корисници, бидејќи и Snapchat и Photomath имаат урамнотежена база на корисници и природно се поклопуваат.

За корисниците на Snapchat ќе бидат достапни само основните можности на Photomath, односно добивање решение за изразот што се скенира. За сите останати можности, а најмногу за објаснување на решението чекор по чекор, се отвора апликацијата.