Користење на водите и нивна заштита од загадување во индустријата

119

Вкупното количество зафатенa вода од индустриските претпријатија во 2018 година изнесуваше вкупно 3.378 милиони.м3, при што секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има најголемо учество од 97,8%. Во 2019 година вкупното количество зафатенa вода изнесуваше 2.337 милиони м3, што е за 30,8% пониско од 2018 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според потеклото на водата за снабдување на претпријатијата, најголемото количество вода е од површински води, односно 65,6% во 2018 година и 68% во 2019 година.

Вкупното количество користена вода во 2018 година изнесуваше 2.228 милиони м3. Споредено со 2018 година, вкупното количество користена вода во 2019 година бележи намалување од 27,6%. Од вкупно испуштените води, во 2018 година се пречистени 16%, а во 2019 година 15,6%.

Фото: Freepik