Корона обврзница за спас на Европа?

54

Лидери на девет земји од Европската унија, повикаа на издавање на таканаречена корона обврзница. Ова ќе преставува нов должнички инструмент што ќе комбинира хартии од вредност од различни земји, пренесува CNBC.

Земјите што имаат конзервативна политика како што се Германија, Холандија и Австрија се против тоа да издаваат должнички инструмент заедно со земјите како што се Италија, Грција и Португалија.

Европа се соочува со голема криза поради сериозните последици што ги остава пандемијата на коронавирусот, а неколку земји се соочуваат со карантин на национално ниво. Според податоците од вчера, над 182.000 лица во ЕУ се заболени од коронавирус.

“Мора да ја препознаеме сериозноста на ситуацијата и потребата од понатамошна акција со цел да се помогнат економиите денес“, сметаат лидерите на Италија, Франција, Белгија, Грција, Португалија, Шпанија, Ирска, Словенија и Луксембург.

Фото: Pixabay