Корона шопинг во Хрватска: За три недели потрошени 40 милиони евра

111

Жителите на Хрватска, од 24-ти февруари до 15-ти март потрошиле 300 милиони хрватски куни или 40 милиони евра повеќе на храна, пијалаци, средства за лична хигиена и хемиски средства, во споредба со истиот период лани, пренесува Novac.hr.

Најмногу купувале сол, замрзнати готови јадења, конзервирано месо и риба, како и вино и жестоки пијалаци.

Најбаран продукт е солта, чија продажба се зголеми за 290%. Брашното и квасецот, заедно со тоалетната хартија, што се синоним за таканаречен корона шопинг, се на шесто и седмо место, по раст на вредноста. Сапунот е дури на 20-то место, додека тоалетната хартија е на 31-во место од вкупно 130 анализирани производи.

Во првите три недели од корона шопингот, виното и жестоките пијалаци имаат поголема стапка на раст во однос на сапуните.

Интересен е фактот што уделот во купување на производи на акции, односно на промоции е намален, за разлика од вообичаено кога почесто се трошат производи што се на акција.

Фото: Pexels