Филмското студио Paramount Pictures го запре снимањето на акциониот филм Mission: Impossible VII, во Венеција поради ширење на корона вирусот во Италија, пренесува CNBC.
“Поради внимателност и заштита на нашата актерска екипа, како и напорите на локалните власти во Венеција, го менуваме планот за снимање во Венеција“, велат од Paramount.
За потребите на седмото продолжение на филмот, во чија главна улога е Том Круз, требало да се снима околу три недели во Венеција.
Корона вирусот во Италија е регистриран кај над 220 лица, а околу шест веќе починаа.
Фото: Pixabay