Корона вирусот го запре снимањето на Невозможна мисија во Венеција

76

Филмското студио Paramount Pictures го запре снимањето на акциониот филм Mission: Impossible VII, во Венеција поради ширење на корона вирусот во Италија, пренесува CNBC.

“Поради внимателност и заштита на нашата актерска екипа, како и напорите на локалните власти во Венеција, го менуваме планот за снимање во Венеција“, велат од Paramount.

За потребите на седмото продолжение на филмот, во чија главна улога е Том Круз, требало да се снима околу три недели во Венеција.

Корона вирусот во Италија е регистриран кај над 220 лица, а околу шест веќе починаа.

Фото: Pixabay