Коронавирусот ги “стопи“ дознаките од странство

138

Масовното враќање на работници од западните земји, кои останаа без работа поради пандемијата, за земјите од Балканот значат и помал број на дознаки, односно пари кои на блиските им ги праќаат лицата кои работат во странство, пренесува Deutsche Welle.

Српските граѓани во последните години на своите блиски од странство им испраќаат меѓу три и четири милијарди евра годишно, што е 10% од вкупниот бруто домашен производ. И кај другите земји, тој процент е висок, околу 6,6% во Хрватска и околу 11% во Босна и Херцеговина.

Како што пишува DW, во последните недели во Србија, БиХ и Хрватска се вратиле стотина илјади нивни државјани кои биле на привремена работа во странство.

Иако нема прецизни податоци, сепак може да се заклучи дека голем број од нив во западна Европа останале без работа, бидејќи или работеле на црно или под несигурни услови за работа. Кризата ги остави без работа, па прашање е колку ќе потрае.

Сепак, се верува дека западните економии, кога ќе спласне кризата поради пандемија, повторно масовно ќе бараат работници кои ќе работат работи што домашното население не сака.

Фото: Pixabay