Коронавирусот ја засени борбата против туберкулозата

63

Меѓународната заедница пропушта прилика да ја запре “современата трагедија“ којашто ја предизвикува најсмртоносната заразна болест – туберкулоза, предупредуваат експертите. Тие истакнуваат дека поради Ковид-19 би можела да се “разгори“ старата светска пандемијата.

Борбата против туберкулозата, којашто е респираторна болест што може да се спречи и лечи, годишно со себе носи над 1,4 милиони животи, сепак не се финансира доволно поради што дијагнозата и лековите доцнат или воопшто не допираат до милиони луѓе.

Во многу земји со висока стапка на заразност, пациенти заболени од туберкулоза се лекуваат со застарени методи и досегашниот напредок во забавување на заразата е загрозен поради пандемијата од коронавирусот.

Податоците велат дека секој ден 4.000 луѓе умираат од туберкулоза. Во светот минатата година 10 милиони луѓе се заразиле со туберкулоза, проценува Светската здравствена организација. Две третини од тие случаи се од осум земји: Индија, Индонезија, Кина, Пакистан, Филипини, Нигерија, Бангладеш и Јужна Африка.

Стапката на заразност со туберкулоза во последните пет години на глобално ниво се намали само за 9%, што не е ниту половина од зацртаните 20% до крајот на годинава.

Аналитичарите сметаат дека има 47 вакцини во завршна фаза на испитување против Ковид-19 и сите се развиени за помалку од една година. За туберкулоза, по неколкугодишни истражувања, има само една вакцина што се испитува на луѓето. Поради тоа, нагласуваат дека постои несразмерен однос во финансирање и организирање на истражувања за туберкулозата.

Фото: Freepik