Косовската влада одлучи на вчерашната седница во иднина инвеститорите да ги ослободи од плаќање на данок на добивка и данок на додадена вредност за инвестициите.
Во зависност од висината на инвестицијата и бројот на работници што ќе ги вработат, новите инвеститори на Косово од три до седум години ќе бидат ослободени од плаќање на данок на добивка и ќе бидат ослободени од ДДВ за висината на инвестицијата, пренесуваат српските медиуми повикувајќи се на агенцијата Бета.
Министерот за финансии во Владата на Косово, Бесим Беќај, на седницата рекол дека ова ќе се оствари преку промени во Законот за ДДВ и Законот за данок на добивка на корпорации. Олеснувањата ќе важат и за странските и за домашните инвеститори.