Коста Петров – најпродаван македонски автор во последните 10 години

Се гледаме на врвот, Стравот и Нашето последно кафе од македонскиот автор Коста Петров се на листата на 10-те најпродавани книги на Издавачкиот центар ТРИ за изминатата деценија.

Со над 17.000 продадени примероци, Се гледаме на врвот е најпродаваната македонска книга во изминатата деценија, а авторот во изминатите седум години има продадено над 40.000 примероци од своите книги.
Инаку, три книги од овој автор, се најдоа и на листата на најпродавани изданија на Издавачкиот центар ТРИ за 2020 година.