Котација на државни обврзници од 585 милиони денари

43

Согласно Барањето од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 18.03.2021 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација на Македонска берза ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики:

Вид на хартии од вредност: државни обврзници без девизна клаузула
Вредност на емисијата: 585.200.000 денари
Број на издадени хв: 58.520
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 денари
Датум на издавање: 04.03.2021
Датум на достасување: 04.03.2036
Каматна стапка: 2,50%
Шифра на тргување: M040336
ИСИН: MKMINF20GV84
Распоред на тргување: Континуирано тргување