Котација на државни обврзници од денеска

39

По поднесено барање за котација од страна на Министерството за финансии, почнувајќи од денеска (08.05.2020 година), на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација и ќе започне тргувањето со државни обврзници со вкупна номинална вредност од 940.062.000.000 денари.

Обврзниците се издадени во денари, со годишна исплата на камата, додека главнината се исплаќа на денот на достасувањето.

Фото: Pixabay