Котил: Третиот аеродром во Истанбул ќе биде најголем во светот

51

thy-temel-kotilИзвршниот директор на Turkish Airlines (THY), Темел Котил, изјави дека третиот аеродром во Истанбул ќе биде најголем во светот, што не е за изненадување поради местото што Турција го зазема на глобално ниво, пишува Заман.

“Нормално е да се очекува најголемиот аеродром да биде во Турција, која ги поврзува Истокот и Западот и е земја во која се спојуваат различни култури”, вели Котил.

Како што објасни првиот човек на националниот турски авиопревозник, новиот аеродром ќе има капацитет од 150 милиони патници. Тој додаде дека THY има 24 милијарди долари приходи, преку 450 авиони, а има отворено и училиште за обука на пилоти. Компанијата постојано ангажира и странски пилоти, со цел да остане конкурентна на пазарот и да биде глобално привлечна.

Котил посочи дека авиосекторот во светот расте за 4,7% на годишно ниво, а во Турција во изминатата година се зголемил за 20%.