Ковачевски: Историски најголемо зголемување на откупната цена на грозјето од 30%

135

Годинава, постигнат е договор за историски најголемо зголемување на откупната цена на грозјето од 30% рече на денешната прес конференција претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

„Смедеревката ќе се откупува по 13 денари за килограм, а вранецот по 15 денари за килограм, што е за 3 денари повеќе споредено со ланските откупни цени. Верувам дека и винариите и лозарите се задоволни од постигната цена и дека договрите ќе бидат испочитувани од двете страни.“ додаде Ковачевски.

Премиерот Ковачевски, на заедничката прес конференција со министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, рече дека Владата ја демонстрира посветноста и грижата за извозно ориетнитеаните земјоделски гранки, како што е лоразството, во услови на најголема криза.