Ковид – 19 ќе го чини осигурителниот сектор 203 милијарди долари

44

Секторот на осигурување во светот ќе има загуби од 203 милијарди долари во 2020 година поради пандемијата на коронавирус, оцени осигурителната група Lloyd’s од Лондон.

Тој трошок вклучува 107 милијарди долари надомест на штета и 96 милијарди долари неостварени приходи од инвестиции, наведе лондонската осигурителна група во соопштение.

Лондонското осигурително друштво наведе дека влијанието на коронавирусот е еднакво на влијанието на природни катастрофи како што беше ураганот Катрина во САД во 2005 година.

“Секторот осигурување во светот плаќа оштета на компании и луѓе погодени со Ковид -19, користејќи голем број разични полиси“, објасни Џон Нил, генерален директор на Lloyd’s.

Фото: Pixabay