Ковид -19 може да ја чини Германија 729 милијарди евра и 1,8 милиони работни места

166

Германскиот економски институт IFO даде драматични економски проценки за Германија поради коронавирусот. Најсилната економија во Европа би можела да претрпи стотици милијарди евра загуби во производството и може да зафати 1,8 милиони работни места. Се проценува дека повеќе од шест милиони луѓе би можеле да работат со скратено работно време.

“Се очекува трошоците да надминат сè што досега познато во Германија за економски кризи или природни катастрофи во последните децении“, вели претседателот на институтот Клеменс Фуест.

IFO оцени неколку сценарија за најсилната економија во Европа. Заклучија дека, во зависност од сценариото – пред сè, должината на епидемијата и следствено на тоа, колку месеци економијата и животот би биле целосно или делумно запрени, економската активност може да се намали за 7,2%, а во најлош случај, дури 20,6%. Ова би значело трошоци од 255 до 729 милијарди евра.

Во најдобар случај, германската економија би била запрена на два месеци, ќе закрепне во третиот месец, а во четвртиот ќе се врати во нормала. Според ова сценарио, епидемијата ќе се нормализира некаде во средината на летото.

Фото: Pixabay