Ковид – казни за пополнување буџетски “дупки“

24

Воведувањето рестриктивни мерки поради пандемијата е поврзано и со голем број казни што може да се изречат во случај на нивно кршење. Во Германија мерките поврзани со коронавирусот се дефинирани со Законот за заштита од зарази, а тоа е во надлежност на сојузните покраини, поради што не постои единствен тарифник на парични казни за целата земја.

Кршењето на пропишаните мерки се смета за прекршок, при што е можно, во зависност од висината на казната, да стане и кривично дело.

Досега во Германија најчесто се прекршува одредбата за ограничување на контактите. Секој кој ќе ја прекрши таа забрана, во Берлин плаќа најмалку 50 евра, а во Диселдорф 200 евра. Оној кој во Штутгарт ќе се вози во автобус без маска ќе плати и до 250 евра, а во Мајнц само 50 евра.

Ако сопственик на ресторан или кафуле, којшто спротивно на одредбите, го отвори угостителскиот објект во Келн, ќе се соочи со казна од 1.000 до 2.000 евра, во Минхен 5.000 евра, а во Берлин дури до 10.000 евра.

Се поставува прашањето колку градовите во Германија “заработуваат“ од казните. Состојбата варира од град во град, а засега лидер е Штутгарт, каде што се изречени казни во висина од два милиони евра, што е скоро четири пати повеќе одошто во Келн иако овој град има 400.000 жители повеќе.

На второ место се најде Минхен со моментални приходи од ковид – казни во висина од 1,8 милиони евра, а трет е Хамбург со 1,3 милиони евра.

Поголемиот дел од градовите парите од собрани казни, како што пренесуваат германските медиуми, ги користат за пополнување на буџетските “дупки“. Тие се најчесто во хроничен и долгорочен минус, со оглед на тоа што имаат помали приходи од даноци, повторно како последица од пандемијата.

Исклучок е Бон, којшто во април лани уплати 219.000 евра собрание од парични казни во посебен фонд за солидарност на културните институции.

Фото: Freepik