Ковид менаџер – ново занимање во Италија

348

Пазарите на отворено во Италија се отворија по двомесечен прекин, а трговците претрпеа огромни економски загуби.

Тезгите мора да бидат оддалечени два и пол метри, на луѓето прво им се мери температура, мора да имаат маски и ракавици, а ако немаат ги добиваат на лице место.

Од вкупно 94 нормално активни пазари во Милано, отворени се 26. Со отворањето на пазарите, воведена е ново занимање – ковид менаџер. Неговата задача е да го контролира почитувањето на сите мерки и прописи на безбедност.

Фазата два во Италија предвидува воведување на ковид менаџери на пазарите кои треба да одредат колку личности треба да бидат присутни на тоа место (број на продавачи, број на тезги) се мери дистанцата, влез, излез на потрошувачи…

Ковид менаџер е координатор кој надгледува на италијанските пазари дали сè се одвива како што е предвидено со прописите. На него му се обраќаат трговците ако дојде до некој проблем, критични ситуации, а тука  се и за секоја забелешка или прашања.

Фото:Pixabay