Козариќ: Состојбата на економијата во БиХ и натаму загрижувачка

33

kemal_kozaric_mainСпоред гувернерот на централната банка на БиХ Кемал Козариќ, економијата во Босна и Херцеговина (БиХ) и финансискиот пазар во првите шест месеци од годината бележат благо закрепнување, но општата состојба и натаму е загрижувачка и нема знаци за брз напредок.

“Ваквата состојба сигурно нема да може да биде долго одржлива, бидејќи е голем притисокот на јавниот долг, но и на невработеноста”, изјави Козариќ  за Независне новине.

Според статистичките податоци во првото полугодие извозот во БиХ е зголемен за 8,3% во однос на 2012 година, додека увозот е намален за 1,3%. Надворешно трговскиот дефицит изнесува нешто повеќе од 1,5 милијарди евра.

Централната банка на БиХ прогнозираше дека во текот на оваа година растот на БДП-то ќе биде околу 1%, но гувернерот Козариќ признава дека станува збор за оптимистичка проценка и најавува корекции.

Според неговите очекувања инфлацијата ќе стагнира на сегашните околу 2%, додека состојбата со девизните резерви кои надминаа 3,3 милијарди евра е позитивна.

Како што оценува Козариќ, невработеноста и понатаму е најголем проблем, која според официјалните статистики достигнува стапка од 27%.

Потсетувајќи на фактот дека БиХ сега своите финансии ги затвара благодарение на станд-бај аранжманот со ММФ, гувернерот,  предупреди дека од тие средства исклучиво се крпи буџетската дупка, поради што без трајно економско закрепнување нема стабилност.