Крај на една ера. Volvo го произведе последното дизел возило

25

Volvo Cars заврши со дизелот, што го означува крајот на 45-годишното производство на дизел модели под покровителство на таа компанија, пишува Automotive News Europe.

Последниот автомобил со дизел мотор беше произведен во вторникот во фабриката во Торсланда, Шведска, а тоа беше теренецот XC90. Во периодот помеѓу 2012 и 2016 година, дизел моторите учествуваа со половина од продажбата на шведскиот бренд (во кинеска сопственост).

Повеќе од 9 милиони Volvo со дизел мотори се произведени од 1991 година, што се однесува до статистиката, пишува HAK Magazine.