
Рибарско село покрај езерото Комо воведе казни до 200 евра (170 фунти) за луѓе кои шетаат со голи гради или во костими за капење, во најновиот обид на италијанска туристичка дестинација да се справи со непристојните туристи.
Езерото Комо на северот од Италија со години е една од најинтересните дестинации за одмор низ цела Европа, а многу од нив се однесуваат несоодветно кон локалното население.
Мало рибарско село на брегот на езерото, Варена, за да се заштити, воведе казни од 200 евра за туристите што шетаат во костими за капење, според „Гардијан“.
Нови правила за одржување на мирот и редот
Бидејќи Варена е мало место со околу 650 жители, властите воведоа нови правила, сè со цел да се зачува изгледот на селото и да се обезбеди мир за локалното население.
Забрането е да се шета низ селото без кошула или само во костим за капење, и иако е локација позната по својата зона за капење, таквата облека е дозволена само на плажите покрај езерото или за време на возење со брод.
Секој што ќе биде фатен во прекршок ќе мора да плати казна од 50 до 200 евра, а исто така, бројот на членови на туристичка група е ограничен на 25, додека на туристичките водичи им е забрането да користат звучници. Сето ова со цел да се зачува мирот на локалното население и автентичниот изглед на островот.
Градоначалникот Мауро Манцони изјави дека квалитетот на животот на локалното население е најважен.
„Варена е прекрасно село и ние сме горди што сме домаќини на стотици илјади посетители од целиот свет секоја година. Сепак, квалитетот на животот на нашите жители не може да се жртвува за масовниот туризам.“
Трендот се шири
Голем број градови низ Италија воведуваат слични мерки за справување со ефектите од прекумерниот туризам.
Градоначалникот на Соренто во 2022 година истакна дека одењето во костим за капење или без кошула е „непристојно однесување“ што го оштетува угледот на градот, по што воведе казни.
Во 2023 година, Портофино воведе забрана за фотографирање на одредени локации, а одредени зони беа прогласени за „зони без престој“, со цел да се спречат туристите да останат предолго на едно место и да создадат гужви.











