Кралицата бара некој да ѝ води профил на Instagram

40

Интересно работно место се отвори во службата на британската кралица Елизабета Втора. На официјалната веб-страница на Кралското се бара личност која ќе го води официјалниот профил на Instagram на Бакингемската палата.

Конкурсот е отворен до седми февруари, а лицето кое во име на кралицата Елизабета ќе објавува фотографии на Instagram, ќе има плата од околу 32.000 евра годишно, плус бонуси што ќе може да ги заработи.

Она што се бара од кандидатот е “добро око за детали, креативност, дигитална писменост, а пожелна е и универзитетска диплома“, се вели во огласот.

Се наведува дека нема да има два исти дена и дека ќе има шанса за напредок во кариерата и оставање на свој печат во срцето на оваа славна институција.

Фото: Facebook