Кралицата Елизабета бара админ за нејзините профили и плаќа 67.000 долари

33

Кралицата Елизабета Втора е подготвена да плати 67.000 долари на човек кој ќе управува со нејзините профили на социјалните мрежи, со цел да се пронајдат нови начини да се одржи нејзиното присуство во јавноста и на светската сцена.

Бакингемската палата го објави огласот на LinkedIn, а досега има повеќе од 200 апликанти. Кралското семејство нагласило дека таа работа подразбира и анимирање на публиката ширум светот, а не само во Велика Британија.

“Успешниот кандидат би раководел со мал дигитален тим на експерти, ќе креира стратегија на содржини на нашите дигитални канали и работа со колеги за континуирано подобрување на нашата дигитална присутност“, се наведува во соопштението.

Избраната личност треба да има искуство во користење на различни платформи за управување содржини на социјални мрежи и аналитички алатки, пишува CNBC.

Mенаџерот за социјални мрежи годишно би имал одмор од 33 дена, бесплатен ручек, обука и доприноси за пензија.

Фото: Pexels