Кралот на бананите Изет Растодер инвестира во БиХ

40

banani

Еден од најголемите светски трговци со банани донесе одлука да инвестира во Босна и Херцеговина, пишува порталот Seebiz.

Изет Растодер, познат како крал на бананите, во рамки на компанијата MMDI Group во Сараево го отвори најсовремениот дистрибутивен центар за свежо овошје и зеленчук во Босна и Херцеговина.

Неговата цел не е само да го снабдува пазарот во БиХ со бананите Derby, туку и да ги купи помалите производители во земјата и нивните производи да ги пласира прво во БиХ, а потоа и во регионот и во Европската унија.

“Сметам дека тоа сите ќе го препознаат во Босна и Херцеговина, дека ќе почнеме да градиме збирен пазар, ќе ги зајакнеме локалните ресурси бидејќи без домашно производство нема напредок во земјата. Вработувањето и домашните ресурси се клучни за секоја држава“, изјави Растодер.

Тој со меѓународна трговија на банани се занимава веќе 20 години и за тоа време му успеа да се најде во друштво на тројцата најголеми играчи во Европа и шест најголеми во светот.

Најголем трговец со банани во светот е компанијата Dole, што е негов главен трговски партнер. Растодер купува банани од Еквадор, Костарика и други земји од Централна и Јужна Америка, а потоа истите ги продава во Северна и Јужна Америка, арапските земји, Русија и Европа.