Краш и Пионир меѓу 100-те најголеми светски кондитори

53

global 100

Најголем произведувач на кондиторски производи во светот е американската компанија Mars, со приходи од 17,64 милијарди долари, покажува истражувањето на специјалното издание Candyindustry. По Mars, на второто место е Mondelez International, поранешен Kraft Foods, со 15 милијарди долари приход, а трета е швајцарската компанија Nestle, со годишен приход од 11,76 милијарди долари.

Во првите десет се уште јапонската компанија Meiji, италијански Ferrero, американски Hershey’s, Arcor од Аргентина, Perffeti, Haribo и Lindt.

На листата 100 најголеми кондитори се наоѓаат хрватски Краш, на 79-то место со 163 милиони долари приход, српски Пионир (86) со 140 милиони долари приход од продажба, турските компании Solen (49) и Elvan (81) и грчката Ion (87).