Кражбата на струја Србија годишно ја чини околу 60 милиони евра

25

struja bandera

Енергетската компанија Електропривреда Србија (ЕПС) проценува дека кражбата на струја на годишно ниво ја чини земјата околу 60 милиони евра, пишува Политика.

Само во текот на април, нелегално се потрошени повеќе од 5,4 милиони киловат часови електрична енергија, покажуваат податоците на Дирекцијата за поддршка и намалување на загубите на ЕПС.

Во текот на последната акција на Дирекцијата, направена е контрола на 2.456 мерни места и во 194 случаи е откриено неовластено преземање на електрична енергија на 117 домаќинства и 33 компании.

Годишната загуба на ЕПС само по основ на нетехнички загуби, односно кражба на струја, е еднаква на годишното производство на една ипол термоелектрана со јачина од 500 мегавати.