Kредитната картичка на Обама одбиена во ресторан во Њујорк

62

kreditna karticka restoran

И највисоките државни функционери и јавни личности се соочуваат со проблемите што ги има остатокот од светот. Минатиот месец претседателот на САД, Барак Обама, се нашол во непријатна ситуација во еден ресторан во Њујорк, пишува Вашингтон Пост.

“Бев во ресторан во Њујорк за време на Генералното собрание на Обединетите нации, и мојата кредитна картичка беше одбиена. Причина за тоа било што не ја користам често“, рекол Обама.

Но, благодарение на неговата сопруга Мишел, Обама успеал да се извлече од непријатната ситуација и да ја платат сметката во ресторанот.