Кредитното животно осигурување како сервис примарно овозможува управување со кредитниот ризик на осигуреникот. Кредитното животно осигурување е еден од најпопуларните и најбарани производи на осигурителните пазари. Животното осигурување го покрива остатокот од кредитниот долг во случај на несреќа со што семејството се ослободува од наследни долгови.
Тоа обезбедува висок процент на заштита (до 90%) од непредвидени настани кои би го влошиле неговото нормално работење. Многу луѓе кои имаат подигнато потрошувачки или друг вид кредит, имаат опција да го покријат кредитот со животно осигурување. Доколку се случи несакан настан, осигурителната компанија ќе ја подмири недоспеаната главнина од подигнатиот кредит.
Кој и како може да аплицира и од што штити кредитно животно осигурувањето
Овој дел на македонскиот осигурителен пазар е сè уште новина. Во Македонија овој процент се движи околу 5%. За разлика во државите од Европа, овој сегмент е доста развиен. Во развиените земји од Западна Европа поседувањето на полиса за животно осигурување се смета за потреба, односно семејствата кои ја поседуваат се на 70% од населението. Со активирање на овој продукт се овозможува поголема сигурност и обезбедување на семејствата од наследени долгови во иднина.
Во зависност од македонските осигурителни компании, критериумите и условите се приближно исти. Физичките лица кои поднесуваат апликација за кредит до матичната банка мора да бидат на возраст од 18 до 67 години. Во некои банки возрасната граница се движи и до 64 години. Кредити кои се опфатени со кредитното животно осигурувањето за физички лица се однесуват на неколку категории и тоа на: станбен, хипотекарен, студентски и автомобилски кредит. Ризиците кои го покриваат кредитот се однесуваат на смрт како резултат на несреќен случај и болест. Се однесува на целосна и трајна инвалидност како резултат на несреќен случај или болест или пак на трајна и целосна загуба на способноста како резултат на болест или несреќа.
Основни предности на кредитното животно осигурување
Предности на кредитното животно осигурување претставува поголема сигурност, овозможува посигурна иднина и корисниците се заштитени доколку се случи нешто непредвидено. Банката и клиентот се задоволни од двојните придобивки што полисата ги носи. Во секој момент се сигурни и обезбедени за наплата. Предностите кои се однесуваат на кредитното животно осигурување се темел за заштита на семејството од оптоварување со долговите на најблиските.